Пелистер по две продолженија го победи новакот Маџари

Во последниот натпревар од 3.коло од „М-Тел“ Супер кошаркарската лига Пелистер дури по две продолженија го победи дебитантот во лигата Маџари со 101:90. Новиот член на суперлигашкото друштво му пружи сериозен отпор на фаворитот за висока пласман, а во делови од натпреварот имаше и водство.

Шансата за победа Маџари ја пропушти во регуларните 40 минути, кога не го реализираше последниот напад. Во првото продолжение домашниот тим имаше шанса за победа, но поради грешка и четири странски играчи на терен беше досудена техничка грешка и Маџари ја искористи шансата за ново продолжение. Сепак во второто продолжение гостинскиот тим немаше енергија и битолчани ја запишаа третата победа.

Вчера се одигра и дуелот Ангели – МЗТ Скопје Аеродром 55:78.

По три рунди максимални три победи имаат Пелистер, ТФТ, МЗТ Скопје и МКК Куманово.

Денеска од 17 часот во Кавадарци се игра првиот дуел од 4.коло.

Back to top button
Close