Пелоси нареди симнување на четири портрети на спикери на Претставничкиот дом кои биле расисти

Спикерката на претставничкиот дом, Ненси Пелоси, синоќа нареди да се симнат четири портрети на конфедеративни спикери на Претставничкиот дом.

 Протретите висеа во лобито пред влезот на кабинетот на спикерот, составено од голем коридор со сликите на сите досегашни спикери.

 Чекорот доаѓа во пресрет на празникот Џунтин, кој го одбележува крајот на робовладетелството во САД.

 -Холовите на Конгресот се срцето на нашата демократија. И отсега нема да постои место во светите холови на Конгресот за одавање почит и сеќавање на луѓе кои отелотворуваат насилен фанатизам и гротескен расизам, напиша спикерката во писмо, оправдувајќи ја својата постапка.

Пелоси можеби има надлежност да прави измени во Претставничкиот дом, но нејзиното барење да се отстранат 11 споменици на официјални политичари и воени лица на Конфедерација поставени во салата со статуи во американскиот Капитол, беше спречено од Мич Меконел, спикер на Сенатот.

Меконел не дозволи симнување на статуите на Џеферсон Дејвис и Александар Стивенс, претседател и потпретседател на Конфедеративните држави на Америка. Неделава, статуа на Џеферсон, сепак, беше отстранета, од холот на Конгресот на Кентаки.

Инаку, синоќа и државата Мисисипи го напушти своето конфедеративно минато, со менување на знамето на државата, што соддржи конфедеретивни симболи, а секогаш се вееше заедно со знамето на САД.

Наместо конфедеративното, сојузната држава го врати старото, таканаречено Магнолија знаме, што се веело на почетокот на создавањето на државата Мисисипи.

Back to top button
Close