Пендаровски ја повлече војската од граница поради блокадата во Собранието

„Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница, а поврзана со мигрантската криза, заврши синоќа на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница.

Претседателот Пендаровски му нареди на Началникот на Генералштабот, Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски да постапи согласно со новонастанатата ситуација.

Армијата останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Доколку Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со мигрантската криза на јужната и северната државна граница, врховниот командант на вооружените сили повторно ќе и нареди на Армијата да ги извршува досегашните задачи“, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Back to top button
Close