Пендаровски: Брисел треба да истапи и директно да ни каже што е планот, во спротивно ќе има се повеќе скептици за ЕУ

На сесијата на Преспа форумот за дијалог се обратија и претседателите на регионот кои исто како и Пендаровски испратија пораки за интеграција во ЕУ. Црногорскиот претседател Ѓукановиќ кажа и оти ЕУ треба да се справи со нејзиниот недостаток на функционалност, а како пример го посочи спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Претседателката на Косово Османи, пак, порача дека ако ЕУ сака да се бори против руското влијание треба да им даде визна либерализација на косовските граѓани, како и да ги поддржи Северна Македонија и Албанија во патот кон Унијата
Јасна перспектива за земјите од регионот за членство во Европската Унија, побара претседателот Стево Пендаровски во неговото обраќање на официјална воведна сесија на високо ниво „Што после војната во Украина?“ во рамки на Преспа форумот за дијалог што денеска започна во Охрид.

Пендаровски посочи дека поддршката за членство во ЕУ драстично опаѓа изминатите години и порача дека ако нема јасна перспектива, тогаш се повеќе луѓе ќе стануваат скептици и ќе се зајакнуваат автократските режими.

„Брисел треба да истапи и директно да ни каже – ова е нашиот план за вас, навистина сме сериозни во намерите за интегрирање на Западниот Балкан во економска, политичка и друга смисла. Во спротивно, се повеќе луѓе ќе стануваат скептични за европскиот проект и автократските режими се повеќе ќе се зајакнуваат во регионот“,

рече претседателот Пендаровски во обраќањето, потсетувајќи дека регионот чекајќи напредок во евроинтегративниот процес се соочува со демографска катастрофа.
„Членките на ЕУ со години зборуваат дека сакаат прво да ја продлабочат Унијата, а потоа да ја прошират“
Пред учесниците на форумот, тој посочи дека незавршениот европски проект има безбедносни последици врз регионот, но и пошироко. Тоа што Западен Балкан не е целосно интегриран во ЕУ, според Пендаровски, има поврзаност со дејствувањето на Русија, хибридните закани и лажни вести

„Можам да видам директна поврзаност меѓу незавршениот проект на ЕУ и безбедносната архитектура на стара Европа. Прво Русија со години ги поткопува нашите општества, ако зборуваме за Северна Македонија, зборуваме за хибридни закани, лажни вести особено во однос на прашањето за името. Откога ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите методи повторно борејќи се против демократиите на западот со лажни вести и пропаганда, нагласувајќи дека не треба да трчаме по членство во ЕУ или НАТО“,
потенцира Пендаровски
кој потсети и дека нашата држава протера повеќе руски дипломати во последните 12 месеци.
Меѓутоа, како што рече, она што најмногу го загрижува е Европа да не продолжи со вообичаените методи на работа и покрај војната во Украина.

„Сега е замрзнато мислењето дека политиката на проширување е најуспешната политика на ЕУ, зашто членките на Унијата со години зборуваат дека сакаат прво да ја продлабочат ЕУ, а потоа да зборуваат за проширување на Унијата или во најдобар случај за прераспореди на моќта. Не можам да се потсетам на која било одлука на ЕУ која го подобрува позиционирањето на Унијата и овозможува влез на нови членки, бидејќи продлабочувањето е замрзнато, а со тоа е замрзнато и проширувањето“,

рече претседателот.
Пораки за интеграција во ЕУ и од другите претседатели во регионот
По Пендаровски, воведни обраќања на сесијата имаа и претседателите на: Словенија – Борут Пахор; Хрватска – Зоран Милановиќ; Црна Гора – Мило Ѓукановиќ и Косово – Вјоса Османи. Специјален гостин кој се обрати преку видео-врска беше и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

И тие во своите обраќања испратија пораки за интеграција на регионот во Европската Унија.

Словенечкиот претседател директно се заложи за доделување кандидатски статус и на Босна и Херцеговина.

„Според мене, во овој момент кога Советот за неколку дена ќе дебатира за кандидатскиот статус на Украина и дури можеби и за Молдавија, и јас силно ја поддржувам таа одлука, би сакал лидерите да зборуваат и за БиХ. Единственото нешто кое тие би можеле да го сторат во овој момент кога Босна не ги исполнува тие 14 услови за да го добие статусот, е да заборавите на условите токму во овој момент, да им дадете статус и да и упатите силен сигнал на БиХ и да и речете – добро можеби сте малку побавни отколку што сакавме, но нема веќе да ја одлагаме одлуката, ова е геополитичко прашање ние би сакале да направиме нешто со вашата земја, ве молиме бидете со нас во ова откако ќе ви дадеме статус на земја кандидат и ќе соработуваме со вас за нешто да почне да се случува“,
рече Пахор.
На таков начин, според претседателот на Словенија, ќе се испрати порака не само за БиХ туку и кон секоја земја во Западниот Балкан дека нешто навистина се случува во Брисел и дека постои силна политичка волја да се стори нешто во Брисел

Пендаровски: Брисел треба да истапи и директно да ни каже што е планот, во спротивно ќе има се повеќе скептици за ЕУ
360степени | 16 јуни, 2022 21:40

На сесијата на Преспа форумот за дијалог се обратија и претседателите на регионот кои исто како и Пендаровски испратија пораки за интеграција во ЕУ. Црногорскиот претседател Ѓукановиќ кажа и оти ЕУ треба да се справи со нејзиниот недостаток на функционалност, а како пример го посочи спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Претседателката на Косово Османи, пак, порача дека ако ЕУ сака да се бори против руското влијание треба да им даде визна либерализација на косовските граѓани, како и да ги поддржи Северна Македонија и Албанија во патот кон Унијата
Јасна перспектива за земјите од регионот за членство во Европската Унија, побара претседателот Стево Пендаровски во неговото обраќање на официјална воведна сесија на високо ниво „Што после војната во Украина?“ во рамки на Преспа форумот за дијалог што денеска започна во Охрид.

Пендаровски посочи дека поддршката за членство во ЕУ драстично опаѓа изминатите години и порача дека ако нема јасна перспектива, тогаш се повеќе луѓе ќе стануваат скептици и ќе се зајакнуваат автократските режими.

„Брисел треба да истапи и директно да ни каже – ова е нашиот план за вас, навистина сме сериозни во намерите за интегрирање на Западниот Балкан во економска, политичка и друга смисла. Во спротивно, се повеќе луѓе ќе стануваат скептични за европскиот проект и автократските режими се повеќе ќе се зајакнуваат во регионот“,

рече претседателот Пендаровски во обраќањето, потсетувајќи дека регионот чекајќи напредок во евроинтегративниот процес се соочува со демографска катастрофа.
„Членките на ЕУ со години зборуваат дека сакаат прво да ја продлабочат Унијата, а потоа да ја прошират“
Пред учесниците на форумот, тој посочи дека незавршениот европски проект има безбедносни последици врз регионот, но и пошироко. Тоа што Западен Балкан не е целосно интегриран во ЕУ, според Пендаровски, има поврзаност со дејствувањето на Русија, хибридните закани и лажни вести

„Можам да видам директна поврзаност меѓу незавршениот проект на ЕУ и безбедносната архитектура на стара Европа. Прво Русија со години ги поткопува нашите општества, ако зборуваме за Северна Македонија, зборуваме за хибридни закани, лажни вести особено во однос на прашањето за името. Откога ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите методи повторно борејќи се против демократиите на западот со лажни вести и пропаганда, нагласувајќи дека не треба да трчаме по членство во ЕУ или НАТО“,

потенцира Пендаровски кој потсети и дека нашата држава протера повеќе руски дипломати во последните 12 месеци.
Меѓутоа, како што рече, она што најмногу го загрижува е Европа да не продолжи со вообичаените методи на работа и покрај војната во Украина.

„Сега е замрзнато мислењето дека политиката на проширување е најуспешната политика на ЕУ, зашто членките на Унијата со години зборуваат дека сакаат прво да ја продлабочат ЕУ, а потоа да зборуваат за проширување на Унијата или во најдобар случај за прераспореди на моќта. Не можам да се потсетам на која било одлука на ЕУ која го подобрува позиционирањето на Унијата и овозможува влез на нови членки, бидејќи продлабочувањето е замрзнато, а со тоа е замрзнато и проширувањето“,

рече претседателот.
Пораки за интеграција во ЕУ и од другите претседатели во регионот
По Пендаровски, воведни обраќања на сесијата имаа и претседателите на: Словенија – Борут Пахор; Хрватска – Зоран Милановиќ; Црна Гора – Мило Ѓукановиќ и Косово – Вјоса Османи. Специјален гостин кој се обрати преку видео-врска беше и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

И тие во своите обраќања испратија пораки за интеграција на регионот во Европската Унија.

Словенечкиот претседател директно се заложи за доделување кандидатски статус и на Босна и Херцеговина.

„Според мене, во овој момент кога Советот за неколку дена ќе дебатира за кандидатскиот статус на Украина и дури можеби и за Молдавија, и јас силно ја поддржувам таа одлука, би сакал лидерите да зборуваат и за БиХ. Единственото нешто кое тие би можеле да го сторат во овој момент кога Босна не ги исполнува тие 14 услови за да го добие статусот, е да заборавите на условите токму во овој момент, да им дадете статус и да и упатите силен сигнал на БиХ и да и речете – добро можеби сте малку побавни отколку што сакавме, но нема веќе да ја одлагаме одлуката, ова е геополитичко прашање ние би сакале да направиме нешто со вашата земја, ве молиме бидете со нас во ова откако ќе ви дадеме статус на земја кандидат и ќе соработуваме со вас за нешто да почне да се случува“,

рече Пахор.
На таков начин, според претседателот на Словенија, ќе се испрати порака не само за БиХ туку и кон секоја земја во Западниот Балкан дека нешто навистина се случува во Брисел и дека постои силна политичка волја да се стори нешто во Брисел.

Претседателот на Хрватска, пак, се осврна на Србија и Косово порачувајќи дека тие мора да се признаат меѓусебе.

„Земјите од источното крило се изложени на злонамерното влијание на руската пропаганда – Грузија, Молдавија, Босна, и ќе кажам уште две земји Србија и Косово кои знаеме дека не се признаваат меѓусебе, но се дел од Западен Балкан … Мора да се признаат меѓусебно инаку нема придвижување напред. Германија, Франција, нордиските земји, останатите држави членки – Словенија, Хрватска, претседателот Пахор има иницијативи, да е до нас веднаш ќе им дадеме секаков статус. Знаеме кој треба да се обвини, но Хрватска и Словенија не се пречка, Бугарија не треба да биде пречка. Се работи за пречки од одредени земји. Шолц ја посети Србија и на првата прес-конференција ги искажа условите дека Србија треба да го признае Косово за да го олесни животот во Западниот Балкан. Вучиќ реагираше како што реагираше. Вучиќ рече „ова никогаш не било никаков услов, зошто сега го изнесувате во оваа чувствителна фаза како услов?“ И искрено да кажам дека тоа нема да помине, и ова не е охрабрувачки“,

рече Милановиќ.
Мило Ѓукановиќ, претседателот на Црна Гора, пак, рече дека војната во Украина ја отрезни ЕУ и не отрезни сите бидејќи таа е агресија против европскиот систем на вредности. ЕУ, порача тој, е движечка сила на европскиот континент и таа мора да преземе одговорност за идната конкурентност на Европа.

„Место јасно да се препознае дека ЕУ и НАТО, но пред сè ЕУ, имаат главна одговорност за европската иднина на секој европски регион имаме ЕУ којашто се премислува, прво да ја продлабочат Европа па потоа да ја прошират. Тоа го уништи европскиот систем на вредности во Западен Балкан. Тврдам дека ќе ни требаат години да ги анулираат последиците од руската хибридна војна и уништувањето на Западниот Балкан. Важно е да бидеме свесни за тоа“,

рече Ѓукановиќ.
Тој кажа и оти ЕУ треба да се справи со нејзиниот недостаток на функционалност и поради спорот каков што е меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Косовската претседателка Вјоса Османи во својот говор рече дека запирањето на евроинтеграциите навистина предизвика големи фрустрации меѓу населението во регионот. Потсети дека Косово чека пет години на одлука на ЕУ да му додели визна либерализација, а тоа сè уште не е ефектуирано.

„Ова е лесна одлука затоа што ги исполнивме сите критериуми и затоа што апсолутно не постои никаква причина да се држат граѓаните на Косово во едно гето. Кога станува збор за кандидатскиот статус на БиХ се надевам дека и Косово ќе го добие тоа. Времето за тоа беше вчера, но колку поголем вакуум ќе остави ЕУ во Западен Балкан толку полоши ќе станат руските и кинеските влијанија во регионот. Прашањето е едноставно, ако сакате да се борите против Русија и кинеското влијание признајте го Косово, дозволете да се случи визна либерализација, поддржете го кандидатскиот статус на Косово како и кандидатскиот статус на Босна. Сакате да се борите против руското влијание поддржете ја Северна Македонија и Албанија во патот напред“,
рече Османи.

Back to top button
Close