Пендаровски: Членство во ЕУ е можно до 2030 ако постигнеме национален консензус и ако Унијата остане фокусирана на регионот

„Западен Балкан меѓу Западот и Истокот: Северна Македонија членка на ЕУ до 2030?”/Фото: Слободен печат

Македонија формално постигна напредок на патот кон ЕУ, почна преговори, но факт е дека поддршката за ЕУ опаѓа особено во етничкиот македонски дел во државата, оцени претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на тркалезната маса на Советот на амбасадори.

Според Пендаровски, членство во Унијата е можно до 2030, бидејќи како што рече, имаме внатрешен потенцијал, паметни луѓе но има две други прашања.

-Прво дали ќе постигнеме национален консензус за тоа кој во моментов го немаме и второ, дали ЕУ и по завршувањето на војната во Украина ќе го задржи фокусот на регионот- изјави Пендаровски.

Според него, членството не зависи само од нас и во тој контекст има две ситуации.

-Првата е да имаме одлични реформи а фокусот на ЕУ да не е НС Западен Балкан, а втората е да нема реформи дома, а ЕУ сепак да има фокус на Западен Балкан. И во двете ситуации, рече нема интеграција. Краен резултат на првата е бришење од политичката сцена на сите проевропски сили, а на втората – на автократите на власт одлично им доаѓа таквото невнимание од Брисел.

Евроамбасадорот Дејвид Гир на Тркалезната маса на Советот на амбасадори потсети дека за преговарачкиот процес се важни уставните измени а дали до 2030 година е можно членство на Македонија во ЕУ рече дека тоа зависи од нас.

– Вашата иднина се наоѓа во ваши раце – изјави Гир и потсети дека реформи мора да се прават.

Тркалезната маса на која присуствуваат и повеќе странски амбасадори е на тема „Западен Балкан меѓу Западот и Истокот: Северна Македонија членка на ЕУ до 2030?”

Back to top button
Close