Пендаровски ќе им додели Орден за заслуги на Пол Кругман и на Стопанската комора

Претседателот Стево Пендаровски, утре, на свечена церемонија ќе ги додели одликувањата Орден за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија.

Со Орден за заслуги за Република Северна Македонија ќе бидат одликувани:

-Пол Кругман, за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата, преку поставувањето на нов модел на меѓународна трговија и основање на нови дисциплини во меѓународната економија, како и за неговата дејност како универзитетски професор и објавувањето на големиот број значајни научни дела и трудови.

– Стопанска комора на Северна Македонија, за својот 100 годишен грижлив и посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и поврзувањето на различните еснафски стопанственички структури, со што се обезбеди сигурна основа за постојано подобрување и развој на условите за стопанисувањето и конкурентноста на пазарот, како темел за стабилност и економски просперитет на државата

Со Повелба на Република Северна Македонија ќе биде одликуван Бранко Азески, за фундаментален придонес во осовременувањето и развојот на стопанството, како и за високо професионалното раководење со Стопанската комора и секторот на стопанството, со што даде непроценлив придонес во застапувањето на интересите на македонската економија, а што е во интерес на целото општество, се вели во најавата.

Back to top button
Close