Пендаровски – Фон дер Лајен: Со започнувањето на пристапните преговори, ќе се потпишат билатерални договори со ЕУ на македонски јазик и на останатите службени јазици на ЕУ

Средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на која добивме потврда дека со првата меѓувладина конференција којашто треба да се одржи набрзо, доколку биде прифатен предлогот за преговарачката рамка, започнуваат конкретните преговори и веднаш започнува скрининг процесот.

Со започнувањето на пристапните преговори, најбрзо што е можно ќе се потпишат билатерални договори со Европската Унија, на македонски јазик и на останатите службени јазици на ЕУ.

Македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на Европската Унија – напиша на фејсбук претседателот Стево Пендаровски.

Back to top button
Close