Пендаровски: Ги поддржувам мерките за вакцинација, тие важат во сите земји од регионот

Претседателот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител рече дека ја оправдува одлуката на здравствените власти за предлог-мерките за вакцинација на администрацијата и здравствениот персонал.

-Ја поддржувам, затоа што сите земји во регионот имаат слични мерки, како и многу западни земји. Ги гледам реакциите во јавноста, но гледам од правен аспект дека ова е законски. Постои како приоритет во Уставот, дека јавното здравје е над сѐ и поголемо од приватното добро. Сметам дека само вака ќе ја победиме пандемијата, рече Пендаровски, информирајќи дека сите членови на неговиот Кабинет се вакцинирани.

Back to top button
Close