Пендаровски ги потпиша указите за новите амбасадори во Словачка, Канада, Норвешка, Белгија и Бугарија

За амбасадор во Словачка е поставена Евгенија Илиева, во Канада Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка за амбасадор е поставен Дритон Куќи, амбасадор во Белгија е Методија Белевски, додека за амбасадор во Република Бугарија е поставена Агнеза Руси Поповска.

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на своите уставни надлежности, денеска ги потпиша указите за поставување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на С Македонија во Словачка, во Канада, во Кралството Норвешка, во Кралството Белгија и во Бугарија.

За амбасадор во Словачката Република е поставена Евгенија Илиева, во Канада за амбасадор е поставен Агрон Буџаку, додека во Кралството Норвешка за амбасадор е поставен Дритон Куќи.

Методија Белевски е поставен за амбасадор во Кралството Белгија, додека за амбасадор во Република Бугарија е поставена Агнеза Руси Поповска.

Back to top button
Close