Пендаровски го замолил Мицотакис за помош во однос на спорот со Бугарија

Се сретнав со Мицотакис и тој после средбата веднаш замина на самитот ЕУ-Западен Балкан и го замолив како влијателен член и како премиер на земја-членка за поддршка и помош за самитот во однос на проширувањето на ЕУ. Ова денеска го изјави претседателот Стево Пендаровски пред новинарите во Атина.

„Спорот може да се реши билатерално, а сите други треба да направат амбиент и атмосфера во која ќе стане јасно дека прашањето за евроинтеграции е гео-стратешко прашање за регионот. Добив заложба од Мицотакис дека ќе продолжи да го прави тоа и да ѝ помага на Македонија“, потенцира Пендаровски.

Back to top button
Close