Пендаровски и Џафери на божиќен ручек кај г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв.

На божиќната трпеза присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а присуствуваа и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА

Back to top button
Close