Пендаровски и сопругата посетија две изложби во Музејот на современа уметност

Претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, вечерва во Музејот на современа уметност посетија две изложби поставени во рамки на Викендот на гордоста и во рамки на Биеналето на младите.

Претседателот Пендаровски, информираат од неговиот Кабинет, изрази поддршка на годинашното деветто издание на фестивалот Викенд на гордоста што се реализира со низа изложби, концерти и перформанси, а во организација на Коалиција Маргини и ЛГБТИ центарот за поддршка, а во соработка со МСУ и Јадро.

Шефот на државата го нагласи и придонесот на меѓународното биенале на млади уметници, мултидисциплинарен настан што се реализира во организација на Музејот на современата уметност – Скопје, како еден од најзначајните настани од областа на современата уметност чија цел е да наоѓа начини и да создава простори преку кои ќе ги претстави новите уметнички насоки на надоаѓачка генерација уметници и куратори.

Back to top button
Close