Пендаровски им го честита Божик на католичките верници


Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитка до Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх, и до сите католички верници кои го прославуваат Христовото раѓање – Божиќ.

-Дозволете ми, на сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, да ви го честитам големиот празник и да ви посакам празничните денови да ги поминете пред се во добро здравје, во мир, хармонија и љубов, исполнети со радост и среќа, пишува во честитката на Пендаровски.

Божиќ како еден од најголемите и најсветлите христијански празници, посочува претседателот, „ни носи верба и надеж исполнувајќи ги нашите домови со топлина, а нашите срца со љубов“.

-Токму на денот на Христовото раѓање да ја покажеме нашата добродетел и да бидеме солидарни и грижливи за нашите блиски. Да си даруваме љубов и внимание и да се почитуваме и помагаме. Само сплотени и со длабока меѓусебна почит и заедништво ќе постигнеме просперитет и напредок на македонското општество. Христос се роди. Нека ни е честит Божиќ!, пишува во честитката на претседателот Пендаровски.

Back to top button
Close