Пендаровски кон Силјановска: Невозможно е да кажете дека Преспанскиот договор ќе го почитувате, а Северна нема да употребувате

Невозможно е да кажете дека Преспанскиот договор ќе го почитувате како легалист, а Северна нема да употребувате. Една од клучните компоненти е реферирањето кон државата во меѓународните форуми и дома. Не постои таква ситуација. Вие можете да го правите тоа одбојство приватно, но како претседател на држвата вие не смеете да не употребувате Северна каде што настапувате како претседател.

Во спротивно, Грција ќе рече вие не го почитувате Преспанскиот договор. Не постои таков хибрид. Го почитувам Преспанскиот договор, Северна никогаш нема да употребам, и се обрати претседателот Стево Пендаровски на противкандидатката Силјановска во врска со употребата на уставното име на третата претседателска дебата на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека нашата земја станала земја членка на НАТО поради безбедносни причини.

-Во делот на правната процедура за Референдумот за промена на името, условите тука не беа исполнети. Од безбедносниот аспект, од аспект на Алијансата, од аспект да се направи конечно таа линија контра Русија пред да ја почне војната. Западен Балкан не беше интегриран во ЕУ, и велеа би било добро што е можно повеќе држави да влезат во НАТО. Постоеше ургентен безбедносен аспект. После последиците од руската инвазија во Украина, се гледа добро дека тогаш сме влегле во НАТО Алијансата политички на тој начин, потенцираше Пендаровски

Back to top button
Close