Пендаровски-Кравињо: Отворањето преговори со Скопје и Тирана од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности

Можностите за унапредување на билатералните односи на двете земји, во контекст на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, унапредување на правната рамка и зајакнување на економската соработка, како и очекување дека соработката во одбраната дополнително ќе се интензивира во рамки на НАТО биле теми на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски и португалскиот министер за надворешни, Жоао Гомес Кравињо, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

Во разговорот, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, изразил благодарност за силната поддршка од Португалија во исполнување на нашата европска агенда и посочи дека со неодамнешното одржување на Меѓувладината конференција во Брисел се означува ново поглавје од евроинтеграцискиот процес што е од огромно значење за Северна Македонија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски посочил дека земјава интензивно се подготвува за скрининг процесот, кој започнува во септември и се очекува да даде пресек за подготвеноста и усогласеноста на македонското и европското законодавство.

Соговорниците се согласија дека отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија е од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и справување со влијанијата од руската агресија врз Украина

Back to top button
Close