Пендаровски: Македонија сама не може да детектира дрон и да го урне, нашето небо го чуваат другите држави

За падот на дронот од Украина во Хрватска се води истрага и во НАТО Алијансата, настрана од кривичната која се води во Хрватска, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју во ТОП ТЕМА.

Неспорно е дека леталото е дојдено од Украина, но не знаеме кој точно тоа го испукал, со оглед на тоа што во моментот не знаеме кој е господар во Украина. НАТО внимава многу за да не влезе во овој суди за да не се соочи со конфликт со Русија, вели Пендаровски.

За денешниот дрон вели дека тој е помал од малите авиони, има мала рефлексија на радарите, и лета ниско. Македонија има системи, сепак тие не се доволни, а нашето небо го обезбедуваат други држави кои имаат подобри системи, вели Пендаровски. Македонија сама не може да детектира таков дрон и не би можеле да го срушиме на време, сепак во вакви  судири каде голема земја напаѓа исто така голема територија како Украина можни се намерни и ненамерни случаи, вели претседателот Пендаровски.

 

Back to top button
Close