Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

Секогаш кога Мицкоски зборува со странски амбасади им вели дека наводно еден од неговите први приоритети ќе биде да ги внесе Бугарите во Уставот, изјави пред граѓаните на Струмица, кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

Тој се осврна на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во однос на уставните измени.

-А секогаш кога зборува пред своето партиско раководство или пред македонската јавност зборува обратно. Дека ова не е само празен муабет, или озборување покажува следново: Пред два дена виден е висок претставник на нивната сестринска партија од Германија ЦДУ, даде изјава за македонските медиуми во кое рече разговарав со раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ вклучително и со Мицкоски и добив цврсто уверување дека уставните промени се нивен приоритет. И сега гледате човек кој, зависно од тоа со кого разговара, одговара на различен начин. Како да му верувате на човек кој едно зборува пред странци, друго зборува пред сопствениот народ?, порача Пендаровски.

Зборувајќи пред граѓаните на Василево, кандидатот за претседател Стево Пендаровски потенцираше дека Македонија веќе е горда на постигнатото, а со Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова државата ќе се врати назад во мрачното минато и единаесет годишниот режим, затоа што како што кажа тој, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.

-Дали ако дојдат на власт ќе се однесуваат поинаку? Не, никако. Александар Николоски е до Груевски кога даваат наредба за 27 април, Мицкоски исто на 27ми влегува во парламент и наместо да се извинат тие сега најавуваат амнестија за тој упад. Не треба да им дадете власт, рече Пендаровски.

Back to top button
Close