Пендаровски-Мотивот исламски џихад за убиствата кај Смилковското езеро не држи

Претседателот Стево Пендаровски оценува дека мотивот за случајот Монструм не е докажан до крај. Во емисијата „Патот кон“ на Алсат ТВ, Пендаровски рече дека можеби има некои други мотиви, но мотивот за исламски џихад не држи и затоа никогаш не бил докажан.

Судот ги осуди на доживотен затвор Фејзи Азири, Хаки Хазири, Алил Демири, Агим Исмаиловиќ и Африм Исмаиловиќ за убиството на четирите момчиња на возраст од околу дваесет години и на еден рибар во 2012 година кај Смилковското езеро. Сами Лута беше ослободен поради недостиг на докази.

Back to top button
Close