Пендаровски: Најавата од опозицијата за блокада на Собранието е легитимен начин за борба за власт, но тајмингот е катастофален


Во однос на тоа дали се можни предвремени парламентарни избори, претседателот на државата смета дека не е сигрен дека ќе дојде до такво нешто, истакнувајќи дека најсигурен начин за тоа е 61 глас за распуштање на Собранието, а опозицијата во овој момент тоа го нема
Се работи за легитимен обид на опозицијата да ја урне Владата, но тајмингот е кататстрофален, вели претседателот Стево Пендаровски, о интервју за Канал 5, коментирајќи ја одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да оди на активна блокада на Собранието од 10 мај.

„Тоа е сосема легитимен обид, сме имале и други такви случаи, да се урне Владата и да се предизвикаат предвремени парламентарни избори, врз основа на резултатите постигнати на локалните избори. Но тајмингот за тоа, војна, кризи е катастрофално избран. Сепак, треба да се остави време да видиме што значи таа блокада – односно најавата дека нема да се блокираат закони во интерес на граѓаните. Еве, ако Владата предложи закон за 10 отсто повисоки плати на просветарите, ВМРО-ДПМНЕ може да рече треба 30 и да го блокира“,вели Пендаровски.

Во однос на тоа дали се можни предвремени парламентарни избори, тој смета дека не е сигрен дека ќе дојде до такво нешто, истакнувајќи дека најсигурен начин за тоа е 61 глас за распуштање на Собранието, а опозицијата во овој момент тоа го нема.

Пендаровски исто така смета дека во моментов постои многу голем јаз меѓу двата главни блока СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ што тешко дека може да се дојде до некој заеднички став по некои странични прашања, а не па по главните политички.

„По неуспешниот обид да ги соберам сите на 2 август лани, јас неодамна се обидов да ги соберам сите на заедничко следење на фудбалскиот натпревар Македонија – Португалија. И не успеав. Од ВМРО-ДПМНЕ ми рекоа дека веќе имале договорено на друга локација“,рече Пендаровски.

Back to top button
Close