Пендаровски на централното чествување на Денот на независноста пред Владата
– Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска присуствуваше на централната прослава по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија што се одржа пред Владата.
Чествувањето почна со чинот на менување на знамињата пред платото на Владата, по што беше интонирана државната химна. Потоа беше прикажано видео со пораки по повод 29 години од независноста.
Претходно, делегација од Кабинетот на претседателот, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, а во која беа и заменик генералниот секретар Тоше Зафиров и аѓутантот на Претседателот, полковник Билјана Блажеска, оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.