Пендаровски на гости за Рамазан Бајрам
Претседателот на државата Стево Пендаровски по повод денешниот празник Рамазан Бајрам го посети семејството Сеад Даца.
Претседателот на својот официјален фејсбук профил напиша:
„На Рамазан Бајрам во скопски Чаир со Сеад Даца и неговото семејство. Ви благодарам за гостопримството на овој голем муслимански празник.
Имајте убава, спокојна и мирна празнична атмосфера.
Честит Рамазан Бајрам!“