Пендаровски не ја извисил Силјановска. МТВ го поканила, но од неговиот тим им одговориле дека поудените термини не им одговараат

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ.

Оттаму велат дека на 26 април уредно испратиле покана до двајцата кандидати за претседател, за предизборно соочување, но дека само од кабинетот на Силјановска-Давкова добиле одговор.

„Јавниот сервиз како датуми ги предложи – 1 мај (среда), 2 мај (четврток) И 6 мај (понеделник). Во зависност од предизборните активности на кандидатите за претседател, оставивме можност дебатата да се снима во текот на денот или да се реализира во живо во вечерен термин, а конечната одлука за датумот ќе се донесе во договор со кабинетите на двајцата кандидати за претседател.

Од тимот на Гордана Силјановска-Давкова, следниот ден, 27 април, известија дека го прифаќаат 2 мај – четврток како термин за дуел со можност за снимање во попладневен термин. Од тимот на Пендаровски немаше одговор во вчера, 1 мај. Јавниот сервис испрати порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат му организираат агендата и дека не можат да успеат. Во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк“ наведуваат од МТВ.

Наместо дуел меѓу двајцата кандидати, вечерва во 20.15 часот на Македонската телевизија ќе има интервју само со кандидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова.

Back to top button
Close