Пендаровски негира дека има обврска да се јави кај грчките колеги за да дадат дозвола да се пролонгира рокот за документите

Пендаровски негира дека обврската да се јави кај грчките колеги за да дадат дозвола да се пролонгира рокот за промена на личните документи е негова. Македонските институциите може да направат законските измени да важат и по 12-ти февруари, но ќе бидат залудни доколку Грција не даде дозвола тие да важат за патување надвор од Македонија. Претседателот Стево Пендаровски треба да крене телефон или да прати допис, тврди премиерот Димитар Ковачевски и додава дека се работи за документи за надворешна употреба и потребен е договор со грчките власти.

„Со грчките власти немам разговарано, тоа претседателот на државата нели презеде обврска да се слушне со претседателката на Грција. Имаме разговори кои што се водат со ресорните министри, ја видов и иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ до Уставен суд. Таа иницијатива јас не ја отфрлам, не постои причина зошто да ја отфрлам тоа е одлука на Уставниот суд. Мислам дека документите за надворешна употреба им се потребни на граѓаните да патуваат надвор од државата и затоа треба да се постигне некаков договор и со Грција“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Помош во процесот е прифатлив за претседателот на државата , но не и обврска за разговор со грчките колеги велат од кабинетот.

„Претседателот даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедурае во целосна надлежност на Владата и Собранието“, велат од кабинетот на претседателот за Телма.

 

Back to top button
Close