Пендаровски- Нема да се видам со рускиот амбасадор, санкциите на ЕУ и НАТО се и дипломатско санкционирање
Нема да се сретнам со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Бездникин, откри претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма.
– Имавме само две реченици разговор при положувањето на венци на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски. Тогаш се ракувавме и тој само ми рече дека се надева дека ќе се видиме во наредниот период.
Но, нема да се видиме затоа што има една фраза која е содржана во четвртиот пакет санкции на ЕУ и САД. Таму постои формулација, којашто гледам дека медиумите слабо ја објавуваат, дека тие кои се приспојуваат кон санкциите треба и дипломатски да ја изолираат Русија – рече Пендаровски.