Пендаровски: Очекувам и барам намалување на висината на платите на функционерите, вклучително и на мојата
Во вечерашното интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 запрашан да го коментира покачувањето на платите на носителите на функции за 78 %, претседателот Стево Пендаровски истакна дека тој е првиот државен функционер кој прв побара корекција на покачувањето на платите и намалување на коефициентот.
Претседателот Пендаровски истакна дека час поскоро е потребно Владата да предложи законско решение со кое ќе се изврши намалување на висината на платите на функционерите. Дополнително тој истакна дека е потребно и опозицијата да поддржи решение за намалување на функционерските плати.