Пендаровски-Џонсон: Билатералните односи ги карактеризира заемно пријателство, доверба и цврсто партнерство

 Билатералните односи меѓу двете држави, актуелните случувања и безбедносните предизвици поврзани со руската инвазија на Украина, биле во фокусот на разговорот на претседателот на државата Стево Пендаровски на кратката средба со британскиот премиер Борис Џонсон, во Мадрид на НАТО Самитот.

Во однос на билатералните релации, Пендаровски и Џонсон изразиле задоволство од развојот на севкупните односи кои ги карактеризира заемно пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство.

– Претседателот посочи дека одбранбената соработка со Британија е динамична со постојана британска поддршка кон нашата Армија за градењето воени капацитети и интероперабилност со сојузниците во НАТО, а доказ за тоа е неодамнешната вежба која се одржа на Криволак во која учествуваа 2500 британски војници, се наведува во денешното соопштение од кабинетот на Пендаровски.

Шефот на државата изразил благодарност за британската посветеност за унапредување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан. 

Back to top button
Close