Пендаровски – Пахор: Успешноста на политиката на проширување ќе зависи од македонскиот случај

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, во рамки на учеството на 58. Минхенска безбедносна конференција. Како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, претседателите се осврнале на можностите за надминување на предизвиците за почеток на пристапните преговори со ЕУ, истакнувајќи дека успешноста на политиката на проширување ќе зависи од македонскиот случај.

„Претседателот Пендаровски се заблагодари на принципиелната и континуирана поддршка за европската иднина на Северна Македонија, особено гласна за време на неодамнешното словенечко претседавање со Советот на Унијата. Претседателот Пендаровски информираше за последните случувања во тој контекст и динамиката што е предвидена меѓу двете нови влади, потенцирајќи дека Северна Македонија посветено ќе работи на изнаоѓање европско, достоинствено решение во билатералните предизвици со Бугарија. Според претседателот Пендаровски, отворањето на пристапните преговори за членство на Република Северна Македонија со Европската Унија позитивно ќе придонесе за просперитетот и стабилноста на целиот регион, а ќе даде дополнителен импулс на севкупниот реформски процес во државата – се вели во соопштението од Кабинетот на Претседателот.

На средбата се разговарало и за безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор

 

 

Back to top button
Close