Пендаровски: Партијата која три години правеше улични протести против европската преговарачка рамка нема намера да оди кон Европа 

„Партија која три години наназад правеше улични протести против европската преговарачка рамка и цело време изјавува дека само како Бугари сме можеле наводно да влеземе во Европска Унија не може да се вади на процедурални работи дали техничкиот премиер ја ставил во фиока или не ја ставил во фиока предлогот за измени на Уставот. Таа политичка структура заедно со професорката Силјановска нема намера да оди кон Европа и нема намера да откочува ништо. Мислам дека тоа на македонската јавност и е јасно“, рече претседателот Стево Пендаровски во првата претседателска дебата со противкандидатката Гордана Силјановска Давкова пред вториот круг на „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека опциите на опозицијата во однос на европската преговарачка рамка се дека или ќе формираат тимови на експерти кои ќе им даваат дополнителна памет или ќе менувале европска преговарачка рамка.

„Нека повелат и нека кажат кој во Брисел им дава поддршка да ја променат, кој е тој меѓународен фактор кој е битен во Европа и кој е нивни идеолошки пандан или сојузник или стратешки партнер кој ќе рече дај да промениме, ќе биде многу подобро и нема да има потреба од уставни измени. Во ЕУ, во која членка е за жал и Република Бугарија“заклучи Пендаровски.

Back to top button
Close