Пендаровски попладнево со комерцијален лет ќе патува за Лондон на погребот на кралицата Елизабета втора

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со својата сопруга попладнево со комерцијален лет ќе лета во Лондон, дознава 4news.

Пендаровски во Лондон ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, која почина на 96 години.

Државниот погреб на кралицата е закажан за утре во Вестминстерската палата.

Инаку, Пендаровски е еден од малкумината политичари кај нас кои користат комерцијални летови за патување.

Првото службено патување како претседател на државата, Пендаровски го започна со редовна авионска линија за Брисел.

Back to top button
Close