Пендаровски разговарал со Лајчак за изборите во земјава и за дијалогот Белград-Приштина

 

Во светло на возобновувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово, претседателот го истакнла ставот дека придонесот на ЕУ е повеќе од потребен, со цел изнаоѓање решение кое ќе ја зајакне регионалната стабилност

Претседателот Стево Пендаровски денеска остварил видео разговор со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и за други прашања за Западен Балкан, соопштија од претседателскиот кабинет.

Двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот, значењето на регионалната соработка и процесот на проширување на Европската Унија.

Претседателот Пендаровски го информирал високиот претставник Лајчак за актуелните состојби во земјава и спроведувањето на изборниот процес.

Во светло на возобновувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово, претседателот Пендаровски го истакна ставот дека придонесот на ЕУ е повеќе од потребен, со цел изнаоѓање прифатливо решение, кое ќе ја зајакне регионалната стабилност и во таа насока го поздрави значењето на мисијата што ја има специјалниот претставник Лајчак.

Back to top button
Close