Пендаровски се сретна со претставници на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка 

 – Оштетени физички и правни лица, депоненти во Еуростандард банка, денеска го запознаа претседателот Стево Пендаровски со нивните барања за целосно парично обесштетување по одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на банката, информираат од канцеларијата на шефот на државата.
На средбата, како што се наведува во соопштението, поретседателот Пендаровски ги истакнал своите заложби сите евентуални криминални дејствија сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи.

Back to top button
Close