Пендаровски се сретна со Солана, му пренел за состојбите во Македонија  

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, денеска претседателот Пендаровски се сретна со Хавиер Солана – поранешен генерален секретар на НАТО, Висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и министер за надворешни работи на Шпанија.

Во фокусот на разговорот беа актуелните политичко-безбедносни случувања во Европа, нивното влијание врз нашиот регион и важноста од неговото интегрирање во Унијата. Претседателот Пендаровски го информираше соговорникот за последните внатрешно-политички настани во земјата, текот на реформските процеси и новата динамика во добрососедските односи.

Солана, кој е актуелен претседател на Центарот за глобална економија и геополитика (EsadeGeo) и докажан пријател на Северна Македонија вклучувајќи се и во Охридската група за поддршка на земјата за членство во ЕУ и НАТО, уште еднаш ја поздрави македонската конструктивна улога на Западниот Балкан како пример за решавање на тешки прашања, како и потребата за реализирање на европската агенда во контекст на интеграциите, согласувајќи се дека Унијата треба што побрзо да ги имплементира своите одлуки

 

 

Back to top button
Close