Пендаровски: Секој да биде свесен за улогата во ширењето на вирусот или во намалувањето на бројот на болни

 Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил во врска со ситуацијата со коронавирусот, напиша дека се додека здравствените експерти не пронајдат вакцина за Ковид-19, вирусот за жал ќе биде наша реалност.

– Тој ги погодува нашите роднини, пријатели, нашите познаници. Важно е секој да биде свесен за улогата којашто ја игра во ширењето на овој вирус или пак во намалување на бројот на болни, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Повика на одговорност со цел да го заштитиме сопственото, но и здравјето на луѓето околу нас.

Back to top button
Close