Пендаровски – Штајнмајер во Њујорк: Градењето пријателски релации со Германија е од исклучително значење за Република Северна Македонија

Претседателот на државата Стево Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, за време на посетата на САД по повод учеството на 76. Генерално собрание на Обединетите нации.

– Двајцата претседатели разменија мислења и информации за актуелните состојби во двете држави. Претседателот Штајнмајер изрази најдлабоко сочувство за трагедијата во тетовската модуларна болница, соопшти Кабинетот на Пендаровски. 

Шефот на државата му се заблагодари на претседателот Штајнмајер за неговите лични напори и ангажман, како и за континуираната германска поддршка за нашата европска интеграција.

-Претседателот Пендаровски нагласи дека градењето пријателски релации со Германија, основани на искрен и доверлив пристап, се од исклучително значење за Република Северна Македонија. Во тој контекст, соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима кај нас и ќе значи дополнително стабилизирање на состојбите и просперитет на регионот, наведува Кабинетот на Пендаровски.

Во соопштението се додава дека Пендаровски и Штајнмајер разменија мислења и информации и за последните случувања во регионот на Западен Балкан

Back to top button
Close