Пендаровски: Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество  

Зеленски вели дека не добил претходни информации од САД за протекувањето Политичарите, власта, опозицијата, граѓанскиот сектор – сите мора да бидеме единствени и гласни во обезбедувањето на поголеми права, безбедност и услови за работа на новинарите и медиумските работници за тие да можат професионално да ја извршуваат својата одговорна задача, вели претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 3 мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите и додава дека оваа година се одбележува во услови на повеќекратни кризи кои ја окупираат нашата сегашност

Им порача на медиумите да информираат навремено, точно и без цензура, ослободени од политички или бизнис притисоци.

А заедно со новинарите да се бориме и против лажните вести, бидејќи граѓаните имаат право на точни, навремени и проверени информации, додава Пендаровски.

Потенцираше дека слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество, каде, како што вели, слободата на изразување е право и одговорност која може да ја практикува секој од нас.

 

Back to top button
Close