Пендаровски со бонус прашања до Николоски:„Дали како пратеник има донирано барем еден денар од неговата за 78% зголемена плата и кому?“

 

 

„До овој момент имаме прецизна евиденција за донирана сума во висина од над 500.000 денари за лекување на наши сограѓани, поддршка во обезбедување на здравствени услуги и медицинска терапија, помош на лекување на наши сограѓани во странство, образовни алатки и учебни помагала за ученици, компјутери за ученици, поддршка за матуранти, плаќање на режиски трошоци и други средства за социјално ранливи граѓани.

Бонус прашања за Александар Николоски:

-Дали тој како пратеник на ВМРО – ДПМНЕ има донирано барем еден денар од неговата за 78% зголемена плата и кому?

-Дали знае дали кој било пратеник на ДПМНЕ, градоначалник на ДПМНЕ или директор на јавно претпријатие од редовите на ДПМНЕ имаат донирано дел од својата плата од моментот кога им е зголемена за 78%, колку и кому?“ наведуваат од претседателскиот кабинет.

Back to top button
Close