Пендаровски: Тргнувајќи од првичните барања на Бугарија изминавме огромен пат на подобро за нас

„Тргнувајќи од првичните барања на Бугарија која е земја членка на ЕУ до денес изминавме огромен пат на подобро за нас. Бугарите таму експлицитно бараа комплетна историска наратива да ја преземеме и дека до 44та сме биле етнички Бугари, подоцна со декрет на Тито сме станале Македонци, за јазикот дека бил дијалект на бугарскиот до истата година и тн. И еден неверојатен обид за историски ревизионизам дека 41/44 биле администратори во име на нацистичка Германија и не биле окупатори. Тоа беше одбиено со индигнација не само од нас туку и од сите други нормални европски држави. Ја прифативме европската преговарачка рамка, се друго им одбивме на Бугарите“ рече претседателот Стево Пендаровски на третата претседателска дебата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека ставот на европските земји е дека нашиот Устав дозволува внесување на мало бугарско малцинство.

„За Преспанскиот договор, тогашниот премиер ја повика на отворена седница за јавноста Собраниската комисија и им го презентираше нацртот на Преспанскиот договор. Од опозицијата беа присутни. Тие одбија да дебатираат за подобрување на тоа што е во Преспа. Зошто одбиваш да дебатираш кога во Преспа првпат во историјата на Грција која е двесте години стара држава, во нивниот Парламент е ратификуван договорот во кој стои македонски јазик и Македонци. Како мислат од ВМРО-ДПМНЕ да го подобрат тој договор или да го препреговараат и колку години ќе земе тоа“ потенцираше Пендаровски.

Во реплика на Силјановска, тој и посочи дека зачудуваат изворите коишто редовно ги цитира неговата противкандидатка, мислејќи на БГНЕС.

„БГНЕС е новинска агенција формирана и контролирана од бугарската тајна полиција. Морате ли нив да ги цитирате? Нема ли бугарски медиуми кои се далеку порелевантни. Зошто бугарската УДБА ја цитирате? Тоа е исто да ми речете Џамбаски што рекол“, праша Пендаровски.

Back to top button
Close