Пендаровски: Во моментов не размислувам за нов мандат

„Македонската јавност има прилика секојдневно да го следи моето однесување. Знае дека во неколку наврати за битни проекти сум имал спротивни мислење од Владата или од партиите што ме поддржаа и 2014 и 2019. Никогаш не сум калкулирал со поддршка, рече претседателот Стево Пендаровски како одговор на прашањето дали со потписот на Законите за „Бехтел и Енка“ очекува да добие поддршка од СДСМ и ДУИ за втор претседателски мандат.

Според него, тоа се детски анализи и никогаш не разговарал на тој начин.

„Ако е нешто во прилог на граѓаните, го потпишувам, ако е нешто спротивно на нивните интереси, кој и да се јави не може никој да ми влијае. На многу инстанци сум покажал дека размислувам со своја глава. Во моментов не размислувам за нов мандат“, кажа Пендаровски. На прашањето дали му е страв дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски може да биде поддржан од власта како кандидат за претседател на наредните избори, Пендаровски одговори:

„Ако имаш страв за нешто во животот, не се впушташ во нешто, не само во политиката. Најбитно е да имаш доверба во себеси. Ако самиот се чувствуваш подготвен, не постои некој страв кој може да те натера да останеш дома да гледаш телевизија“, рече Претседателот

Back to top button
Close