Пендаровски во посета на Турција, ќе се сретне со Ердоган, Борел и со Вартоломеј

И министерот Бујар Османи денеска ќе престојува во Анталија, каде што ќе има средба со бугарскиот колега Светлан Стоев

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Турција, каде што ќе учествува на самитот на претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Анталија.

„Предвидено е претседателот Пендаровски да има свое обраќање на самитот, а ќе има билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Пендаровски ќе оствари средба и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел“, соопшти кабинетот на Пендаровски

Back to top button
Close