Пендаровски во Шведска користи јавен транспорт, се возеше во воз и проба локален специјалитет

Во манир на Скандинавец, македонскиот претседател Стево Пендаровски, за време на посетата на Шведска го користи јавниот превоз, а на фотографиите, кои ги објави Шведската амбасада во земјава, се гледа како Претседателот се превезува со воз.

„Не е ретка глетка да се видат шведски функционери како користат јавен превоз за да се движат низ и меѓу шведските градови. Всушност, тоа е претпочитаниот начин на транспорт низ цела Шведска за луѓе од сите возрасти и сфери на живот. Една од причините: грижа за животната средина, бидејќи возовите придонесуваат помалку за емисиите на јаглерод отколку авионските патувања“, пишува Шведската амбасада во Скопје по повод посетата на Пендаровски.

„Среќни сме што и претседателот на Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски ја користи шведската железница додека е во Шведска. За време на своето патување, придружуван од шведската амбасадорка г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон, тој имаше шанса да ужива во шведска фика со земички од цимет и кардамон. #ДалиЗнаеш дека 2021 година е европска година на возот🚆?“, додаваат од Амбасадата.

Back to top button
Close