Пендаровски за ТВ21: Немам добиено информација за политички притисок врз македонските историчари во комисијата

Претседателот на државата Стево Пендаровски вели дека нема добиено информација дека се вршел притисок врз македонските историчари во билатералната мултидисцплинарна комисија за историски и образовни прашања.

„Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања е формирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, а председателот е редовно информиран за нејзината работа од членовите на комисијата и од владини претставници. Меѓутоа, во изминатите две години, председателот Пендаровски, од никого нема добиено ниту една информација дека врз македонските историчари во комисијата се врши политички притисок за да ги напуштат научните и стручни критериуми за утврдување на историската вистина. Впрочем, целокупниот состав на комисијата веќе ги демантираше наводите за наводни политички притисоци на членот кој поднесе оставка“, велат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Back to top button
Close