Пендаровски, Заев и Филипче: Треба да има локални избори во Штип и во Пласница

Премиерот Зоран Заев, шефот на државата Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче се согласни дека без никаков проблем во декември може да се оддржат локалните избори во Штип и во Пласница со  почитување на протиколите.

– Со протоколот кој го дадовме до ДИК за оддржување на парламентарните изборит се направи добар протокол, тој го побараа и црногорските власти пред изборите и немаше никаков проблем при спроведувањето на изборите. Немаше пријавено ниту еден заразен, ниту случај на трансмисија на вирусот. Тоа се истите протоколи кои се за спроведување на настани во затворени простории. Ако политичките партии се придржиуваат до препораките за спроведување на кампањата тогаш ќе нема никави проблеми – рече Филипче/

Заев е убеден дека ќе има избори и дека СДСМ ќе победи.

– Да треба да победиме, односно да треба да се оддржат изборите во Штип и во Пласница заради тоа што здравствените протоколи се јасно прецизирани, еднаш веќе поминавме низ изборите и верувам дека ако се почитуваат здравствените протоколи може да се оддржат изборите – рече Заев.

Шефот на државата Пендаровски пак додаде дека ако можеле на 15 јули да организираат избори на кои излегле околу милон гласачи тогаш може да се организираат избори за 10 пати помалку гласачи во Штип и во Пласница. Тој потсети дека тогаш  дилемата била дали избори да има во налето или наесен.

Back to top button
Close