Пенов: Каде е бугаризацијата? Македонија има неколку победи после ветото!


„Не е изоден патот, се уште има предизвици, но ова што го поминавме од ветото до денес е голем плус за нас“, потенцира новиот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов во гостувањето во ‘Само вистина’. Според него, проблемот со бугарското вето е што бугарското население е образувано дека Македонија е бугарска.

-Нивната политика е агресивна кон нас, до неиздржливи граници и тие ни ставија вето. И сега ние со тоа вето, велиме, ‘леле ќе не асимилираат, не зедоа, ќе се предадеме’. Ако ги погледнеме ефектите, особено во која година ставаат вето Бугарите, за време на короната, од 2020 до денес што се случува, во Бугарија партиите кои ја наметнуваат таа политика речиси не постојат. Каракачанов на изборите не успеа да влезе во парламент, Слави Трифонов исто отпадна, Корнелија Нинова од БСП паѓа. Таа партија е со инфраструктура, што е едниот сегмент. Вториот сегмент е дека после бугарското вето доаѓа признавањето на Македонската православна црква, има ли поголем бенефит еве за нас Македонците, како Македонци. Тоа дојде така случајно, добро испреговаравме, ги убедивме Србите. Значи после ветото, добиваш признание на еден уште потежок проблем, кој ти влегува уште повнатре, а ти го добиваш како победа. Трето, откако Бугарија стави вето, нејзе и замрзнаа некои фондови, во Шенген е блокирана. Јас говорам факти. Потоа, ние имавме вето на Фронтекс од Бугарија за македонскиот јазик. После ветото доаѓа Фон дер Лајен и вели еве ви го Фронтекс потпишан на македонски јазик со вето од Бугарија. Кој е победник во овој краток период? Ќе видиме како ќе се одвива. Зошто стравување, еве неколку победи бројам, големи. Зошто стравување?, праша Пенов.

Говорејќи за уставните измени Пенов кажа дека се работи на уверување на пратениците, на убедување дека ова е навистина битна работа за Македонија да исчекори.

-Македонија така ќе го премине прагот, ќе излезе надвор малку, на воздух. Каде е бугаризацијата? Каква е бугаризацијата? Како мене ќе ме бугаризираат? Како тебе ќе те бугаризираат? Јас не разбирам, заклучи Пенов.

Back to top button
Close