Пентагон го разгледува барањето на ФЕМА да помогне при вакцинацијата

Пентагон го разгледува барањето испратено од Сојузната агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) да помогне при вакцинирањето на граѓаните против коронавирусот.

Имајќи го предвид значењето на барањето, тоа ќе биде разгледано итно, но внимателно, со цел да се утврди кои средства Министерството за одбрана може да ги направи достапни за поддршка на ваквите напори, се наведува во соопштението на портпаролот на Пентагон Џон Кирби

Иако во соопштението не се наведува бројот на трупите кои би можеле да бидат ангажирани, американскиот официјален претставник нагласи дека би можеле да бидат илјадници.

Back to top button
Close