Пентагон: Русија ги зајакна силите на границата со Украина за време на викендот

Русија ги зајакна своите воени сили распоредени на границата со Украина во текот на викендот, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, и покрај најавата на Москва дека завршува некои од воените вежби.

– Рускиот лидер Владимир Путин продолжува да испраќа сили долж границата со Украина и во Белорусија, дури и во текот на изминатиот викенд. Таму веќе се наоѓаат над 100.000 војници, истакна Кирби за Си-Ен-Ен.

Back to top button
Close