Пентагон: Русија сака да ја собори украинската Влада во Киев

Американската Влада верува дека Русија планира намера да ја собори Владата во Киев како дел од нејзиниот напад врз Украина.

– Наша проценка е дека (руските сили) имаат секаква намера во основа, да ја обезглават Владата и да инсталираат сопствен метод на управување, што би ги објаснило овие рани потези кон Киев, изјави денеска висок претставник на американското Министерство за одбрана, според транскрипт од Пентагон.

Како што пренесе ДПА, украинската војска дава отпор на руските војници, се додава во соопштението.

Борби се водат во радиус од околу 30 километри од главниот град на Украина Киев и околу главниот источен град Харков, недалеку од руската граница, меѓу другите места, рекол претставникот.

Воените дејствија на руските трупи очигледно се насочени кон освојување на клучни населени центри, додал тој.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close