Пентагон соопшти дека околу 140 американски војници се повредени од почетокот на војната со Иран

Пентагон соопшти денеска дека околу 140 припадници на американските сили се повредени откако започна војната на САД со Иран кон крајот на минатиот месец.
„Од почетокот на операцијата „Епски бес“, приближно 140 припадници на американските сили се ранети во текот на 10 дена од постојаните напади“, наведе главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, во изјава за „The Hill“.
Според него осуммина се тешко повредени и се на интензивна нега, додека „најголем дел“ од 140-те се со мали повреди, и 108 припадници на војниците се вратиле на должност.
Бројот на повредени е објавен откако во текот на викендот, Централната команда на САД (Centcom) објави дека седми американски војник загинал во борба по иранскиот напад врз американските сили во Саудиска Арабија. Шест други војници беа убиени во напад врз импровизиран американски воен оперативен центар во Кувајт.
Пентагон потроши муниција во вредност од околу 5,6 милијарди долари во текот на првите два дена од конфликтот, изјави конгресен извор запознаен со ова прашање за The Hill.
И претседателот Трамп и Хегсет рекоа дека се очекуваат повеќе жртви додека војната продолжува. Шефот на Пентагон минатата недела ги критикуваше медиумите што ги објавија информациите за смртта на американските војници на насловната страница.






