Пентагон в понеделник претставува план за повлекување на американски војници од Германија

 Американскиот министер за одбрана Марк Еспер в понеделник ќе му претстави на претседателот Доналд Трамп серија опции за повлекување на дел од американските сили стационирани во Германија, за да можат да бидат преместени во други источноевропски земји.

Двајцата веќе разговараа во средата за присуството на САД во Европа, објасни портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман.

Според двајца високи официјални претставници на Пентагон, планот предвидува американската војска   во Германија да се намали на 25.000, што претставува намалување за 9.500. Некои ќе бидат вратени во САД, додека други ќе бидат испратени во други земји од поранешниот советски блок со намера да испратат јасна порака до рускиот претседател Владимир Путин, изјави претставникот кој посака да остане анонимен.

Тие не кажаа во кои земји можат да бидат испратени американски сили. Двајцата разјаснија дека ова е дел од опциите што ќе му бидат претставени на Трамп в понеделник. Но, самиот американски претседател во средата изјави дека Полска ќе биде едно од тие други места во Европа.

Back to top button
Close