Пензионерите протестираа. Сакаме пак линеарно инаку нема да ве гласаме
Пензионери денеска во Свети Николе протестираа барајќи линеарно зголемување на пензиите. Бараат од септември усогласувањето на пензиите да биде линеарно, а не процентуално.
Трајче Станојков од Иницијативниот одбор на пензионерите изјави дека само на таков начин можат да имаат достоинствен живот и да се намалат разликите меѓу највисоката и најниската пензија во државата.
– Да продолжиме да си го бараме тоа истото покачување односно усогласување на пензиите линеарно, не процентуално, изјави Станојков.
Според Трајче Митев, пензионер од Штип, ако заеднички се делува може да се постигне посакуваниот резултат.
Пензионерите бараат оставка од актуелната претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајковска.
Пензионерите од Свети Николе, Штип, Куманово и други градови истакнаа дека нема да излезат на гласање во октомври доколку во септември не добијат линеарно усогласување на пензиите.