Перез: Зидан е благослов, Бензема ја заслужува „Златната топка“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез продолжува да го фали Зинедин Зидан, кој синоќа ја донесе 34-та титула на тимот во Примера дивизија, погодно испуштајќи го фактот како Французинот бил принуден да го напушти тимот, веднаш по освојувањето на Лигата на шампионите. Инаку, за Зидан, ова е 11-ти трофеј во неговата релативно кратка кариера како тренер.

– Прочитав твит во кој пишува дека Зидан освојува трофеј на секои 19 натпревари, во кои го води тимот. Што друго може да се каже, туку благослов од небото!? И, се надевам дека ќе биде со нас долго време. Оние кои сакаат можат да продолжат да го критикуваат, но ние ќе продолжиме да освојуваме титули. Зидан во моментов е најголемиот фудбалски архитект во Ла Лига, рече Перез.

Тој посебно ги спомена настапите на Серхио Рамос, Карим Бензема, Тибо Куртоа и Касемиро.

– За Серхио можам да кажам дека тој е нешто повеќе од капитен, тој може да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до крајот на животот, а тој има неопислива заслуга за оваа титула. Сите тие го вградија духот во соблекувалната, додека Зидан е човекот кој го создаде шампионскиот тим. Затоа е важна соблекувалната. Тимот добро тренираше и беше добро мотивиран за време на паузата. Тие се вратија на теренот со голем ентузијазам, рече Флорентино Перез.

Потоа се наврати на Карим Бензема и рече дека ова е човекот кој ја заслужи Златната топка. Синоќа, со успехот со 2:1 над Виљареал, Французинот ги постигна двата гола, што се покажаа како шампионски.

– Бензема ја заслужува „Златната топка“ оваа година. Не сум видел играч со подобра форма оваа година и минатата, рече Перез.

Back to top button
Close